За Нас
PV Системи
СП и Конструк.
Ветерни Турбини
Инверт. и УПС
Контролери
Батерии
Фотографии
Обновлива ен.
Контакт
e-mail me


 

        Турбините се произведени во USA и имаат многу уникатни и нови дизајн решенија

        Високиот квалитет на материјалите им дава повеќе од 20 години активен животен век. Телото на генераторот и неговите делови се цинкувани со длабоко галванизирање и ќе издржат повеќе од 50 години. Трајните магнетни генератори употребени во турбините се специјално проектирани за задачата и се многу пати поефикасни од слични решенија, дозволувајќи производство на струја при многу мала брзина на константен ветар. Генераторите се практично безшумни бидејќи звукот кој произлегува од нив е послаб од звукот на ветрот кој ги придвижува.


        KIT пакетот кој го нудиме вклучува:

  • Турбина на Ветар

  • Перки, 7 или 11, во зависност од моделот

  • Конверзијска и стабилизаторска група зависно од волтажата

  • Контролер 12/24/48V 440A со додатни влезови за PV панели

  • Реле 60A водоотпорно запечатено

  • Бескраен ротирачки механизам со 3 (90A) или 6 (180A) жици зависно од моделот на турбината

  • Сталажа за фиксирање на генераторот за прачката и опашка за пратење на правецот на ветрот

  • Фиксирачки обрач за прицврстување на сталажата за прачката

  • Иглести зупчаници и тефлонски лизгачки прстени

        Ако сакате цени за пооделни компоненти, ве молиме контактирајте не и ќе ви ги дадеме

 

        Моделот 2 000 W 48V е Дупли Генератор со 6 жици во едно тело (практично има два генератора во едно тело). Произведува многу повеќе енергија од другите модели, но иницијалната стартна брзина на ветрот е поголема. Почнува да ротира при 2m/sec брзина на ветрот.

        Почетното оптоварување е скапо и ја прави крајната цена значително повисока, па затоа не го ставивме во цената. Можете да користите било какво решение кое има DC електрично оптоварување 12/24/48V DC зависно од типот на генераторот и волтажата на контролерот до батериите. На пример бојлер, пумпа, светла и многу други. Значајно е да се има Почетно оптоварување поготово на места со силен и константен ветар.

        Погоре спомнатото НЕ вклучува:

  • Почетно оптоварување DC електрично 12/24V/48V 1500W (5 отпорнички елементи секој од 300W) - 455.83BGN 

  • Монтирачка прачка со жичани прицврстувачи (Секое решение е уникатно за секое место и проект)

  • Заштита, прекинувачи, метални кутии и ожичување. Ова го вклучува и ожичувањето до батериите. (ПРЕПОРАЧЛИВО)

  • Струен кабел од генераторот до DC конверторот и полначкиот контролер. (Должината на каблите е различна за секој проект) Ние користиме 3x4mm2 или 3x6mm2 кабли за надворешна инсталација зависно од должината.

  • Заземјување (прачка, премостувач и друго)

  • Заштитна прачка, копање, навртки и штрафови (мали делови од инвестицијата)

  • Инсталација (секоја е различна зависно од теренот и други фактори)

  • Транспорт и други патни трошоци



Генерални технички спецификации

 

- Параметри за 48V / 440A контролер за полнење за ветрови турбини и соларни панели


   

- Почнува со ротирање од 1.5m/s ветрова брзина и ротира до 50m/s

- Почнува да дава волтажа и моќ по 2m/s

- Перките се проектирани да издржат силен ветар без да влијаат на работниот циклус. Перките се многу тивки.

- Контролерите ги вклучуваат DC конверторот и релето со додатен влез за соларни панели. Вклучена е контрола за почетно оптоварување . Сите се исто така произведени во USA специјално за ветрови турбини. Има LCD дисплеј


   
   

     First        Prev     Next        Last